Fashion & Style TV magazine

Wednesday, April 10, 2013

НА ШТО ДА ГИ ПОТРОШИТЕ СВОИТЕ МИЛИОНИ, А ПРИТОА ДА НЕ ЛИЧИТЕ НА СКОРОЕВИЧ ОД ИСТОЧНА ЕВРОПА


Пишува: Цаци Паковска

Кој спомена нeшто за кризата? Милионерите од целиот свет минатата година потрошиле милиони евра за да си ги задоволат своите желби. Иако глобалната економија се уште не функционира добро, тоа не ги спречува милионерите да ги трошат своите пари на некои неверојатни нешта. Прашањето е, доколку сте милионер со стил, на што да ги трошите своите пари? Еве неколку совети, односно листа на најскапите нешта што се купени во 2012 (Ова не важи за милионерите кои сметаат дека Порше, златен Ролекс, Луи Витон чанта со монограми и Версаче костум се најдоброто нешто во светот)

- ASTON MARTIN DB5- Иако во 2012-та еден колекционер на автомобили платил неверојатни 32 милиона американски долари за Ферари ГТО, сепак  вистинската икона, се разбира кога станува збор за автомобилите, е Астон Мартин ДБ5 кој честопати се опишува како најубавиот автомобил на светот. Направени се само 885 автомобила. Овој модел се возеше во шест Џејмс Бонда, вклучувајќи го и последното продолжение Скајфол. Очекувајте да издвоите 350000 евра за овој модел на Астон Мартин.



- GOYARD’S PALACE TRUNK- Овој познат француски бренд е најстариот бренд за куфери кој постои уште од 1853 година. Многу години уште пред да постојат озогласените Луи Витон куфери со монограми, Гојар бил најпосакуваниот бренд помеѓу аристократијата и познатите личности во Франција. Како знак за престиж, аристократите го нарачувале Гојар куферот  да биде обележан со грбот на нивното семејство. Секое парче од овој куфер се уште рачно се шие, а за изработка се потребни повеќе од неколку месеца. Цената на овој луксуз е 4400 евра.
- PARTAGAS RESERVA SERIE D No 4 CIGARS- Најдобрите рачно направени Кубански пури. Овој робусто содржи тутун со најмалку три години старост, а и омотот е исто така внимателно избран. Една кутија со 20 пури чини 650 евра.

- KILGOUR BESPOKE SUIT- Ако сте господин облечен со стил, можеби сте свесни дека најважното луксузно парче облека е англискиот бренд Килгур. Легендата вели дека овие костуми направени по мерка, имаат совршен крој и можат да траат цел живот. Секој елемент од овој костум е 100% ,,Биспоук,, и потребно е еден од 50-те кројачи во оваа компанија, да ви го изработи за најмалку 80 часа, а изработката може да трае и една година. Цената на еден Килгур Биспоук костум ....ситница....од 3300 евра, ако се земат во предвид квалитетот и изгледот кој можеби никогаш нема да излезе од мода.
www.8savilerow.com

- JOHN LOBB BROGUES- Џон Лоб е историски бренд кој ги прави надобрите чевли во Eвропа, ако не и во светот. Кога станува збор за стилот и елеганцијата, овој бренд е лидер во категоријата за машки чевли. Чевлите на Лоб се удобни како папучи. Хју Грант и Принцот Чарлс се нивни муштерии. Овие чевли ќе ве чинат од 2300 евра па нагоре.

- MONT BLANC MEISTERSTUCK 149 FOUNTAIN PEN- Моќниот милинер својот потпис треба да го потпише со стил. А ништо повеќе нема да ве одвои од другите, како овој модел на пенкалото Монт Блан. Изработено од црна смола и перо од 18 каратно злато. Дизајнот не е промнет од 1924 година. Овој мал луксуз ќе ве чини околу 400 евра.
- LEICA MP CAMERA- со својата репутација на монарх во светот на фотографската опрема, овој Лајка апарат кој датира од почетокот на минатиот век, се уште се продава по неверојатна цена. Апарат со прилично тивка бленда, кој слика фотографии со одличен квалитет, дури и на места каде недостига светлина. Цена 2150 евра.
* Доколку сакате да фотографирате ,,со стил,, тогаш побарајте го фотоапаратот Лајка М9-П  во соработка со познатиот француски бренд ,, Ерме,, (Leica M9-P ‘Edition Hermès'). Моментално овој модел е лимитиран на 300 парчиња и чини 20 000 евра.
www.en.leica-camera.com/home/
-      BREGUET WATCH- За крај, ништо повеќе нема да го ,,издаде,, вашиот статус и вкус од часовникот кој треба да ја ,,кити,, раката на еден милионер. Иако брендот ,,Ролекс,, кој воедно е најпродаваниот часовник, сепак кога станува збор за луксузот, убавината и стилот, се чини дека милионерите го препочитаат ,,Брекет,,. Познат по својот супериорен дизајн, невидената грижа за корисниците и одличната репутација на брендот, часовниците ,,Брекет,, се омилени меѓу светската елита. ( По него следуваат ,,Патек Филип,, од Женева и францускиот бренд ,,Бушерон,,.)
     Доколку сте пасиониран колекционер на луксузни часовници сигурно ќе посакате да го имате овој  Брекет 1907ba/12 џебен часовник кој е вистинско ремек дело. Направен во чест на софистицираноста и инзвонредната работа на компанијата во последните 2 века. Џебниот часовник е изработен од 8-каратно жолто злато и рачно изгравиран. Ова колкционерско задоволство ќе ве чини 570 000 евра.
-      

 Сега откако нашиот милионер се ,,опреми,, со костум Килгур , чевли Џон Лоб, часовник Брикет, пенкало Монт Блан, пури Партагас, куфер Гојар, фотоапарат Лајка, подготвен е да отпатува со својот Астон Мартин ДБ5 на својот одмор.

Thursday, April 4, 2013

Зошто пак се модерни Династија нокти????

Навистина не ми е јасно зошто некој повторно би посакал да има долги вештачки нокти, уште пак вештерско шпицасти?! Јас пак мислев дека вакви нокти за последен пат носеа само Кармела Сопрано и другарка и Андријана.