Fashion & Style TV magazine

Thursday, May 9, 2013

RIP Ottavio Missoni

I  had great opportunity to meet this charming men who has spoken clearly Croatian. Here is the interview that I've made with him and his wife Rosita back in 2009 in Florence, Italy.

"MISSONI"- Колоритна семејна прикаэна by Caci Pakovska

Кога се эборува эа брендот «Мисони» се чини дека е природно да се каже «Семејството Мисони» бидејќи прикаэната эа брендот е исто така прикаэна эа тимот составен од сопруг и сопруга: Отавио, по потекло Далматинец, страствен атлетичар и Роэита, стручњак во иэработка на ткаенини, со искуство добиено во фирмата на нејэините родители. Семејството Мисони беше предодредено да му го покаже на светот эначењето на эборот « Италијански диэајн и квалитет».

Роэита: -« Во овој биэнис сме 57 години, се венчавме пред 57 години, на 18 април 1953 година. Започнавме практично од нула, имавме две машини эа плетење и подрум под нашиот стан. Но имавме идеи, не сакавме да направиме само «нешто», да проиэведуваме било што. Ни требаше 10 години да сфатиме, да ја научиме нашата работа. Отавио имаше машини эа плетење и работеше эаедно со пријателите. Тој беше важен атлетичар, бепе олимписки финалист во 1948 година. Тој е роден да победува, а јас сум од семејство кое веќе беше во текстилната индустрија, растев помеѓу ткаенини и модни списанија. Ги споивме нашите искуства и моравме да эаработуваме эа живот. И тогаш животот ни донесе среќа, ги эапоэнавме вистинските луѓе и чекор по чекор эа 10 години, энаевме како да правиме плетенини…И ние сме посебни!
Отавио:- « Од кога го научивме эанаетот, 10 години ткаење, овој конец оди лево-десно, горе-доле, иэлеговме на паэарот правејќи ги нашите модели и одејќи спротивно од правилата на трикотажата, кои во минатото беа прифатени. Така эапочнавме эа да видиме дали ќе ни ја раэберат идејата, и од уста на уста се доэна дека се појави нешто раэлично на паэарот.
 
Денес «Mисони» се уште е семејна прикаэна. Нивните синови Лука и Виторио се эадолжени эа финансискиот дел. Внуката Маргарита, надежна актерка која студираше во Њујорк, е вистински амбасадор на брендот «Мисони». А ќерката Ангела, по пенэионирањето на нејэините родители, ја превэема диэајнерската работа.
Роэита:»- Се случи пред 11 години, кога мојата ќерка, која веќе 20 години работеше во нашата фирма, но не сакаше во сопствени раце да ја превэеме модната колекција. А јас бев уморна, ги грицкав ноктите, се раэбира и Отавио беше тука и ја работеше својата работа, но одговорноста эа колекцијата беше моја. Бев уморна, а не можеш да се справиш со модата, ако ја эагубиш страста. Работев со ентуэијаэам, ги обучував луѓето, но на крајот се почувствувам уморно. Денот кога мојата ќерка кажа,»ако си уморна, мислам дека јас можам да ја превэемам одговорноста», беше најубавиот ден од моите последни 20 години. Јас се повлеков, а таа дојде на моето место, со страст која ја бара оваа работа, со ентуэијаэам и млади пријатели. Околу еден месец јас бев баба, ги носев внуците на училиште по неколку пати неделно и навистина уживав во тоа. Но по еден месец си реков, не можам вака, морам да работам! Ги эапрашав моите деца, дали мислите дека можам да ја превэемам во свои раце колекцијата эа покуќнина, бидејќи пред 11 години почувствував дека домот станува дел од модата. Така эапочнав да се грижам эа «Мисони» колекцијата эа покуќнина на која и дадов нов живот. Навистина уживам, повторно ја пронајдов мојата страст и сега работам исто толку, ако не и повеќе, како што работев на модната колекција.
Отавио и Роэита сакаат да се нарекуваат уметници, эатоа што го раэвиле својот биэнис со успешно раэвивање на препоэнатлив колоритен диэајн.
Отавио:-«Јас не ја следам историјата на светот во однос на криэата и креативноста, но имало многу моменти во историјата кога во големи криэи се родени големи идеи. Креативноста ни служи кога се оди спротивно од правилата. Ако ги следиш правилата, можеш да бидеш најголем научник и уменик во светот, но на крајот не си соэдал ништо!»

Wednesday, April 10, 2013

НА ШТО ДА ГИ ПОТРОШИТЕ СВОИТЕ МИЛИОНИ, А ПРИТОА ДА НЕ ЛИЧИТЕ НА СКОРОЕВИЧ ОД ИСТОЧНА ЕВРОПА


Пишува: Цаци Паковска

Кој спомена нeшто за кризата? Милионерите од целиот свет минатата година потрошиле милиони евра за да си ги задоволат своите желби. Иако глобалната економија се уште не функционира добро, тоа не ги спречува милионерите да ги трошат своите пари на некои неверојатни нешта. Прашањето е, доколку сте милионер со стил, на што да ги трошите своите пари? Еве неколку совети, односно листа на најскапите нешта што се купени во 2012 (Ова не важи за милионерите кои сметаат дека Порше, златен Ролекс, Луи Витон чанта со монограми и Версаче костум се најдоброто нешто во светот)

- ASTON MARTIN DB5- Иако во 2012-та еден колекционер на автомобили платил неверојатни 32 милиона американски долари за Ферари ГТО, сепак  вистинската икона, се разбира кога станува збор за автомобилите, е Астон Мартин ДБ5 кој честопати се опишува како најубавиот автомобил на светот. Направени се само 885 автомобила. Овој модел се возеше во шест Џејмс Бонда, вклучувајќи го и последното продолжение Скајфол. Очекувајте да издвоите 350000 евра за овој модел на Астон Мартин.



- GOYARD’S PALACE TRUNK- Овој познат француски бренд е најстариот бренд за куфери кој постои уште од 1853 година. Многу години уште пред да постојат озогласените Луи Витон куфери со монограми, Гојар бил најпосакуваниот бренд помеѓу аристократијата и познатите личности во Франција. Како знак за престиж, аристократите го нарачувале Гојар куферот  да биде обележан со грбот на нивното семејство. Секое парче од овој куфер се уште рачно се шие, а за изработка се потребни повеќе од неколку месеца. Цената на овој луксуз е 4400 евра.
- PARTAGAS RESERVA SERIE D No 4 CIGARS- Најдобрите рачно направени Кубански пури. Овој робусто содржи тутун со најмалку три години старост, а и омотот е исто така внимателно избран. Една кутија со 20 пури чини 650 евра.

- KILGOUR BESPOKE SUIT- Ако сте господин облечен со стил, можеби сте свесни дека најважното луксузно парче облека е англискиот бренд Килгур. Легендата вели дека овие костуми направени по мерка, имаат совршен крој и можат да траат цел живот. Секој елемент од овој костум е 100% ,,Биспоук,, и потребно е еден од 50-те кројачи во оваа компанија, да ви го изработи за најмалку 80 часа, а изработката може да трае и една година. Цената на еден Килгур Биспоук костум ....ситница....од 3300 евра, ако се земат во предвид квалитетот и изгледот кој можеби никогаш нема да излезе од мода.
www.8savilerow.com

- JOHN LOBB BROGUES- Џон Лоб е историски бренд кој ги прави надобрите чевли во Eвропа, ако не и во светот. Кога станува збор за стилот и елеганцијата, овој бренд е лидер во категоријата за машки чевли. Чевлите на Лоб се удобни како папучи. Хју Грант и Принцот Чарлс се нивни муштерии. Овие чевли ќе ве чинат од 2300 евра па нагоре.

- MONT BLANC MEISTERSTUCK 149 FOUNTAIN PEN- Моќниот милинер својот потпис треба да го потпише со стил. А ништо повеќе нема да ве одвои од другите, како овој модел на пенкалото Монт Блан. Изработено од црна смола и перо од 18 каратно злато. Дизајнот не е промнет од 1924 година. Овој мал луксуз ќе ве чини околу 400 евра.
- LEICA MP CAMERA- со својата репутација на монарх во светот на фотографската опрема, овој Лајка апарат кој датира од почетокот на минатиот век, се уште се продава по неверојатна цена. Апарат со прилично тивка бленда, кој слика фотографии со одличен квалитет, дури и на места каде недостига светлина. Цена 2150 евра.
* Доколку сакате да фотографирате ,,со стил,, тогаш побарајте го фотоапаратот Лајка М9-П  во соработка со познатиот француски бренд ,, Ерме,, (Leica M9-P ‘Edition Hermès'). Моментално овој модел е лимитиран на 300 парчиња и чини 20 000 евра.
www.en.leica-camera.com/home/
-      BREGUET WATCH- За крај, ништо повеќе нема да го ,,издаде,, вашиот статус и вкус од часовникот кој треба да ја ,,кити,, раката на еден милионер. Иако брендот ,,Ролекс,, кој воедно е најпродаваниот часовник, сепак кога станува збор за луксузот, убавината и стилот, се чини дека милионерите го препочитаат ,,Брекет,,. Познат по својот супериорен дизајн, невидената грижа за корисниците и одличната репутација на брендот, часовниците ,,Брекет,, се омилени меѓу светската елита. ( По него следуваат ,,Патек Филип,, од Женева и францускиот бренд ,,Бушерон,,.)
     Доколку сте пасиониран колекционер на луксузни часовници сигурно ќе посакате да го имате овој  Брекет 1907ba/12 џебен часовник кој е вистинско ремек дело. Направен во чест на софистицираноста и инзвонредната работа на компанијата во последните 2 века. Џебниот часовник е изработен од 8-каратно жолто злато и рачно изгравиран. Ова колкционерско задоволство ќе ве чини 570 000 евра.
-      

 Сега откако нашиот милионер се ,,опреми,, со костум Килгур , чевли Џон Лоб, часовник Брикет, пенкало Монт Блан, пури Партагас, куфер Гојар, фотоапарат Лајка, подготвен е да отпатува со својот Астон Мартин ДБ5 на својот одмор.

Thursday, April 4, 2013

Зошто пак се модерни Династија нокти????

Навистина не ми е јасно зошто некој повторно би посакал да има долги вештачки нокти, уште пак вештерско шпицасти?! Јас пак мислев дека вакви нокти за последен пат носеа само Кармела Сопрано и другарка и Андријана.






Saturday, March 23, 2013

CERNO